Поврзете се со нас

АТП

Иванишевиќ за разделбата со Ѓоковиќ: Бев подготвен да погинам за него…..

Објавено

на

Foto:instagram.com/goranivanisevicofficial

Горан Иванишевиќ ова попладне даде низа одговори за неочекуваниот прекин на соработката меѓу него и светскиот рекет број еден, а како главна причина за рарзделбата го издвои терминот „презаситеност“.

Хрватот и Србинот сочинуваа еден од најуспешните тимови во историјата на тенисот и заедно освоија девет грен слем титули, но по лошиот старт на 2024-та година, двајцата проценија дека е време за прекин на соработката.

Петте минати години заедно тешко е да се срочат во еден телевизиски разговор, но Иванишевиќ се потруди во интервјуто за „Спорт Клуб“ да биде што поконцизен во објаснувањето на тешката одлука.

– Никогаш нема да ви кажам за што точно зборувавме, но мило ми е што отидов до Америка и што зборувавме лице во лице. Мило ми е што зборувавме по поразот од Нарди, сакав да имаме сериозен разговор уште по Австралија, но тој тогаш брзо си замина и отиде на скијање. Помина еден месец и дојдовме до Америка. Нема зошто да се бара виновник, тој освои се што може да се освои во светот и не е лесно да се мотивира. Лесно се мотивира за грен слем турнирите, но за останатите турнири е потешко. После пет години заедно, исправно беше да седнеме и да си кажеме некои работи.

– Ми беше многу важно да му кажам неколку работи, да му кажам како се чувствувам, да ми каже како се чувствува. Многу работи минавме заедно, дисквалифиакции, депотации, успеси, освоени титули. Јас го знам Новак кој го гледате пред камерите, но и оној кога ќе се изгнасат камерите. Тој Ноле е многу добар човек и тоа е најважно за мене. Бев подготвен да погинам за него. Не беше лесно да се биде негов тренер, многупати не гледаа како негативци, а имаше и безобразни коментари. Секогаш стоев до него, му реков дека ако сака, ќе одиме заедно во војна. Горд сум што бев до него во најтешките моменти.

– Нема вистинска причина за разделбата, но ако треба да се издвои нешто, тоа е заситеноста. Дојде до презаситеност, тој се измори од мене, а и јас се измоив од него. Сите знаете како е во животот, понекогаш мора да отидете на технички преглед, така беше случајот и со нас, – изјави Иванишевиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни