Поврзете се со нас

АТП

Иванишевиќ го советува Ѓоковиќ за долгорочно тренерско решение: Тој е идеален за тебе!

Објавено

на

Foto:instagram.com/goranivanisevicofficial

Српската телевизија „Спорт Клуб“ најави опширно интервју со Горан Иванишевиќ кое ексклузивно ќе биде емитувано утре во 17:50 часот, но познатиот медиум преку своето електронско издание веќе почна да објавува дел од разговорот.

Досегашниот тренер на светскиот рекет број еден соработуваше со Ноле пет години и му помогна да освои уште девет грен слем титули, а како човек кој се уште го смета Ѓоковиќ за близок пријател, има и искрен совет за тоа со кого треба да работи во иднина.

Новак се уште нема донесено дефинитивна одлука и во прв момент крај себе го има Ненад Зимоњиќ, поранешниот Дејвис куп селектор на Србија со кого Србинот отпатува и во Монте Карло. Според Иванишевиќ, токму популарниот „Зики“ треба да биде прв избор на српскиот тениски мајстор, особено поради фактот што станува збор за човек кој го добро го познава менталитетот, но и карактерот на најдобриот светски тенисер.

– Не знам уште колку долго ќе игра Новак, тоа зависи само од него. Според мене, перфектна личност за него во овој момент е Зимоњиќ. Зики е мој голем прирјател, многу работи минавме заедно и навистина многу го сакам. Тој е тениски познавач, но најважно во целата приказна е тоа што го познава Новак. На Ноле не му треба некој нов тренер, некој што допрво ќе го запознава.

– Мојата теорија е следна: Балканец како тренер може да тренира било кого, но играч од Балканот може да биде трениран само од тренери од овие простори. Вајда е Словак и е тука блиску до нас, а со Бекер успеваше да функционира бидејќи Германецот е навистина интелигентна личност. Се слушнав со Зимоњиќ уште уште пред Новак да го повика него, мислам дека тој е перфектен за него. Ѓоковиќ се знае, но Зики може да му ја каже истата работа на поинаков начин. Зики го познава менталитетот на Ноле, беа заедно во Дејвис Купот и Нено му беше селектор, – вели Иванишевиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни