Поврзете се со нас

АТП

Иванишевиќ: Два тениски рекорди никогаш нема да бидат урнати

Објавено

на

Foto:instagram.com/goranivanisevicofficial

Горан Иванишевиќ се исповеда во интервјуто за „Спорт Клуб“ и се обиде едноставно да објасни зошто се раздели со Новак Ѓоковиќ, односно заклучи дека презаситеноста направила двајцата да тргнат по посебен пат и да се поздрават како добри пријатели.

Хрватот имаше пет интензивни години со светскиот рекет број еден и минаа низ многу подеми и падови како тим, а под негово водство, Србинот го урна рекордот на Рожер Федерер по бројот на минати седмици на првото место на АТП листата.

Не самошто го достигна, Новак постави стандарди кои тешко дека некои ќе успее да ги повтори во блиска иднина, но според Горан Иванишевиќ, тој рекорд и оној на Рафаел Надал никогаш нема да бидат подобрени од било кој друг тенисер.

– Новак и Рафа се најголемите ривали и заедно со Федерер одбележаа една тениска ера. Секако, тука беа и Енди Мари и Стен Вавринка, како и уште неколку дрруги играчи. Рожер си замина порано, Рафа се повреди и доста отсуствува во последно време, но него не може ништо да му се забележи.

– Рафа е Рафа, си изгради свој пат. Мислам дека постојат два тениски рекорди кои никогаш нема да бидат урнати. Тоа се 14-те титули на Надал на Ролан Гарос и бројот на седмици кои ги мина Ѓоковиќ како прв играч на АТП листата, – изјави Иванишевиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни