Лига на нации
Италијанците му ја посочија големата грешка на Донарума, голманот се налути и се потсети на Реал (Видео)

Италијанската фудбалска репрезентација се наоѓа во процес на транзиција неполна година по освоеното Европско првенство, а вчерашниот пораз од Германија ја остварува тезата на селекторот Роберто Манчини кој побара трпение и најави тежок период.
„Аѕурите“ доживеаја непријатен шок откако вторпат во низа останаа без Светско првенство, а променлиците изданија во јуни ги завршија со фудбалска лекција од Германија.
„Панцирите“ остварија победа со убедливи 5:2 на „Борусија Парк“, но двата гола Италијанците ги дадоа во самата завршница, кога домаќините комплетно се опуштија по водството од 5:0.
Јавноста во Италија веднаш започна со критиките за болниот пораз, па во такво расположение, незадоволството не го криеше Џиџио Донарума кој го повишил тонот пред новинарите откако му било порачано дека не е првпат да прави таква грешка како онаа при голот за 5:0.
– Кога направив таква грешка? Кога бев фаулиран против Реал Мадрид? Ако сакате да правите контроверза околу овие работи, во ред, посочувајте го прстот, но јас сум тука да зборувам за тимот. Ако сакате да ме обвините, нема проблем, но според мене, сите правевме грешки.
– Како тим сме бесни и нема оправдување. Мора да се се погледнеме и кога ќе се вратиме да покажеме дека не сме ова што го прикажавме. Не фати и заморот на крај од сезоната, но ова не беше добро за нашите фанови и нема оправдување, – изјави Донарума.
-
Светпред 16 часа
Халанд не се однесува како голема ѕвезда и ги воодушеви присутните на плажа во Марбелја (Видео)
-
Англијапред 23 часа
Мерсон за повлечениот потег на Арсенал: Тој не може да биде стартер ниту во Фулам
-
Англијапред 15 часа
Фоден избркан од луксузна плажа на Крф поради бесна караница со својата девојка (Видео)
-
Италијапред 16 часа
Малдини со рецептот „Тео Ернандес“ привлекува играч на Реал кој е во последната година од договорот (Фото)
-
АТПпред 23 часа
Циципас триумфираше во Мајорка, Надал му испрати порака: Победи го Ѓоковиќ на Вимблдон (ВИДЕО)
-
Германијапред 23 часа
Барселона се впушта во завршна офанзива за Левандовски
-
Италијапред 19 часа
Милито му испрати трансфер совет на Дибала: Желбата за одмазда ќе направи разлика
-
Мото ГПпред 16 часа
Маркез обелодени како изгледа неговата рака после четвртата операција и ги шокираше фановите (Фото)