Поврзете се со нас

Лига на нации

Италија и Германија одиграа без победник во Болоња (ВИДЕО)

Објавено

на

Италија и Германија одиграа без победник (1-1) во дербито на вечерта во Лигата на нации.

Средбата се играше на „Ренато Дал Ара“ во Болоња, а на крајот навивачите можеа да видат по еден гол во двете мрежи. Првиот дел не донесе промени на потечниот резултат, но во второто полувреме се случија два важни моменти и тоа во период од три минути.

Прво Пелегрини го отвори резултатот во 70 минута, но таа радост на „аѕурите“ беше кратка затоа што Кимих го матираше Донарума во 73 минута.

По првата рунда интересно прва е Унгарија која денеска ја изненади Англија по што следуваат Италијанците и Германците, додека „гордиот албион“ е единствената селеција без освоен бод.

На другите вечерни средни Црна Гора ја доби Романија со 2-0 и Турција ги надигра Фарски Острови со 4-0.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни