Поврзете се со нас

Европски првенства

Историски пораз на „црвената фурија“: Хрватска ја уништи Шпанија во Манхајм

Објавено

на

Репрезентацијата на Хрватска ја разби Шпанија со 39:29 (18:14) во дерби средбата во групата Б на Европското првенство.

Хрватите одиграа на највисоко ниво во текот на сите 60 минути и со тоа на фантастичен начин го отворија овој континентален собир. Шпанците одиграа катастрофално во одбрана, голманите беа невидливи и сето ова придонесе ова за „црвената фурија“ да биде историски пораз, затоа што досега никогаш не загубиле со десет разлика на ЕП.

Шоштариќ и Мартиновиќ со по осум гола беа најдобри поединци кај победикот, додека исто толку на спротивната страна даде крилото Гомез Абелјо.

Во вториот дуел во овој термин Унгарија со доста мака ја совлада Црна Гора со 26:24.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни