Поврзете се со нас

Репрезентација

Интересот е голем, ФФМ ги отвора источната и западната трибина за пресметката со Исланд

Објавено

на

Македонија во недела од 18 часот го игра завршниот меч од групната фаза од квалификацискиот циклус за Светското првенство, меч против Исланд на кој ако славиме сигурно го обезбедуваме второто место и го продолжуваме сонот за место во Катар.

Со оглед на тоа што сме на чекор до баражот интересот за неделниот натпревар е огромен и поради тоа Фудбалската федерација на Македонија одлучи да ги отвори и источната и западната трибина од Националната арена “Тодор Проески”.

Цената на билетите е 100 денари и истите можат да се набават преку продажна мрежа на МК Тикетс.

Само за потсетување влезниците за Север и Југ чинеа од 150 до 300 денари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни