Италија
Инѕаги стравува за најскапото летно засилување: Не изгледа добро

Интер успеа да слави во Бергамо и да оствари важна победа над Аталанта во регионалното дерби, но овој триумф донесе и една црна дамка за гостите од „Сан Сиро“ поради повредата во првото полувреме.
Бенжаман Павар беше најскапо летно засилување за Интер во преодниот рок кој измина и дојде како голема ѕвезда од Баерн Минхен, па иако вчера застана на свои нозе откако беше изнесен на носилки, предвидувањата не се баш најдобри.
Дефанзивецот заработи повреда на коленото и ги вклучи алармите во гостинскиот табор, а стравувањата се дека францускиот репрезентативец ќе мора да паузира со месеци.
Песимистичка изјава даде и теренерот Симоне Инѕаги, кој по триумфот од 1:2 призна дека се плаши од исходот на резултатите кои ќе му бидат направени утре.
– Начинот на кој Дармијан го замени Павар беше навистина за пример. Тој се избори за пеналот и направи тимот да надмине тежок период. Сега не ни преостанува ништо друго, останува да видиме што се случи со Павар. Неговото колено се измести од позиција и се врати назад. На лекарите им е потребно време за да ги направат тестовите, но се плашам дека ќе го загубиме на подолго време бидејќи не изгледа баш добро, – изјави Инѕаги.
-
Италијапред 21 час
Де Лаурентис по гала вечерта во Италија: Децата во Неапол научија важна работа
-
Англијапред 12 часа
Храбриот Лутон падна во 97. минута, Рајс е херојот на Арсенал (ВИДЕО)
-
Италијапред 15 часа
Тасоти посочи што треба да биде приоритет за Милан во зимскиот преоден рок: Тоа е од суштинско значeње
-
Светпред 16 часа
Роналдињо: Мбапе може да ја освои „Златната топка“…
-
Англијапред 22 часа
Менаџерска промена: Искусен стручњак се врати во Премиер лигата (Фото)
-
Светпред 13 часа
Белингем: Сонувам, секој ден се плашам дека некој ќе ме разбуди
-
Шпанијапред 22 часа
На Симеоне му здосади од Чави: Мораш да го опоменеш, не си ја затнува устата…… (Видео)
-
Балканпред 15 часа
Канаваро пред тренерски ангажман во Турција