Поврзете се со нас

Италија

Инѕаги пред битката со Пирло: Не сум изненаден што е тренер на Јувентус, тој е…

Објавено

на

Утре од 18 часот во италијанската Серија А се игра дуелот меѓу Беневенто и Јувентус, а тоа значи дека ќе имаме пресметка на две познати имиња Филипо Инѕаги и Андреа Пирло.

Двајцата по завршувањето на импресивните играчки кариери се решија да му се посветат на тренерскиот занает со тоа што далеку поискусен е популарниот Пипо кој промени неколку клубови, па преку Милан, Венеција и Болоња дојде до Беневенто кој го предводи од 2019 година.

За Пирло ова е прва сезона, но Инѕаги не е изненаден што неговиот добар пријател и поранешен клупски соиграч добил можност да седне на клупата на Јувентус.

-Не сум изненаден што ја доби работата. Зборуваме за шампион кој освои се како играч. Секогаш имало добар однос меѓу нас затоа што заедно стигнавме во Милан. Паметам го имавме ист агент Тулио Тинти кој им го понуде Пирло на „росонерите“ истиот ден кога јас потпишав. Не надеј доволно простор во Интер и на крајот направивме одлично работи во Милан, -рече Инѕаги.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни