Македонија
Илиевска Божиновска: ФФМ е модел-место каде им се дава шанса на сите и се почитуваат правилата
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го одржа своето Редовно генерално Собрание. На Редовното генерално Собрание беа присутни 58 од вкупно 60 делегати кои ги ги усвоија следните точки од дневниот ред.
– Завршна сметка за 2023;
– Извештај од независен ревизор за 2023;
– Извештај од Надзорен одбор за 2023;
– Потврдување на одлуката за суспензија на ОФС Струмица;
– Усвоен извештајот од претседателот и Управниот одбор на ФФМ;
– Извештај од администрацијата за исполнување на стратешките планови;
– Усвоен е буџетот за 2024 година;
Генералниот секретар на ФФМ, Наталиа Илиевска Божиновска во своето обраќање истакна дека федерацијата има одлична соработка со Општинските фудбалски Сојузи, како своја база, но и ја потенцираше извонредната соработка со УЕФА и ФИФА.
-Од мое лично и од име на Фудбалската федерација на Македонија би сакал да истакнам дека имаме извонредна соработка со сите вас и би сакал искрено да ви честитам на досегашната работа. Да ви посакам многу среќа, сила и успех во соочувањето со новите предизвици.
-Како дел од ФФМ, среќни сме што во Општинските фудбалски Сојузи имаме одличен партнер. На тој начин градиме уште посилна федерација со подобра структура, но и одлични односи со другите асоцијации.
-Секогаш ќе ја помагаме својата база. Затоа и во иднина ќе ве повикувам да разговарате, да се борите, да работиме заеднички, да даваме придонес во насока на унапредување на македонскиот фудбал.
-Ние сме еден тим. Тоа значи дека заеднички се трудиме да одговориме на сите, па и на тешки прашања и проблеми. Мораме и во иднина јасно да го препознаеме секој проблем и јавно да ја посочиме неправилноста на која наидуваме.
-Како ФФМ, се трудиме фудбалот да биде модел – место каде што се почитуваат правилата и им се дава шанса на сите.
-Ние сме мала федерација, но добиваме многу од нашите пријатели од УЕФА и ФИФА. Тие се нашите партнери. Организации кои навистина се грижат за вистинските фудбалски вредности. Организации кои им даваат целосна поддршка на сите свои членки кои имаат за цел да реализираат значаен проект за нашиот спорт, -порача Илиевска Божиновска.
-
НБАпред 21 час
Брансон како Џордан и Леброн, познато е првото полуфинале на Истокот (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 19 часа
Левандовски: Барселона е најголемиот клуб на светот, горд сум…
-
Англијапред 22 часа
Тен Хаг излезе со коментар за неверојатното издание на Санчо во полуфиналето во ЛШ
-
Светпред 16 часа
Гомез за „билдерот“ Озил: Не знам која е неговата цел (ФОТО)
-
Германијапред 20 часа
Алонсо: Одигравме интелегентно и зрело, ама…
-
Англијапред 22 часа
Покетино испрати загрижувачка порака за својата иднина по победата над Тотенхем
-
Италијапред 17 часа
Ултрасите нема да навиваат за Милан на мечот против Џенова
-
Светпред 20 часа
Големо име: Уште еден добар пријател на Меси може да се пресели во Интер Мајами