Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Играчите на Порто во авион ја гледаа драмата во Мадрид, па лудо го прославија пласманот во осминафиналето во ЛШ (ВИДЕО)

Објавено

на

Голема драма донесе средбата меѓу Атлетико Мадрид и Баер Леверкузен во Лигата на шампионите, меч кој заврши без победник 2-2 откако домашниот состав не реализираше пенал длабоко во судиското продолжение.

Овој резултат донесе голема тага на „Ванда Метрополитано“ затоа што со истиот клубот беше елиминиран од елитното натпреварување, но од друга страна пак донесе огромна радост во редовите на Порто.

Португалците успешно го решија Бриж (4-0), па при враќањето дома внимателно следеа што се случува и во Мадрид, односно тие директно во авионот ја следеа драмата и потоа лудо го прославија пласманот во осминафиналето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни