Поврзете се со нас

Франција

Играч на Лил го побара дресот на Меси, па се изненади од потегот на Аргентинецот (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Пари Сен Жермен со доминантна партија го понижи актуелниот француски првак Лил во дербито на колото во Лига 1.

„Светците“ победија со 5-1, а еден од најдобрите поединци на теренот беше Лионел Меси кој даде гол, запиша асистенција, а еднаш ја погоди и рамката од голот на Грбиќ. По средбите често можеме да видиме како играчите си ги разменуваат дресовите, па така овој пат младиот играч на Лил, Ејнџел Гомес го побара оној на Аргентинецот.

Екс играчот на Барселона му ја исполни желбата на Гомес кој пак не можеше да поверува дека Меси му го побара неговиот, а најдобар доказ за тоа е ова видео кое стана хит на социјалните мрежи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни