Поврзете се со нас

Италија

Ибрахимовиќ откри кога се враќа на терените

Објавено

на

Милан славеше над Наполи во дербито на колото во Серија А, но во исто време клубот од Милано немаше докрај да се израдува на триумфот затоа што се повреди Златан Ибрахимовиќ.

Ибра е клучен играч на „росонерите“ и неговото присуство е многу важно, а првите прогнози беа дека може и да паузира дури еден месец. Сепак според напаѓачот тој многу побрзо ќе се врати на терените и тоа најдоцна за две недели.

-Повредата на бутниот мускул не е сериозна, така да можете да ме очекувате за недела до две, -рече Златан кој воедно додаде:

-Секој пат кога ќе ги облечам копачките си помислувам – ова е она што сакам да го работам. Фудбалот е моја страст, мојот најдобар пријател. Без него не би бил тоа што сум, без него би се чувствувал изгубен, -порача Швеѓанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни