БИБЛ лига
И Академија ФМП ќе игра во БИБЛ лигата

Македонската кошарка ќе има три преставници во БИБЛ лигата во натпреварувачката 2021/2022.
Имено по ТФТ и Куманово дел од ова натпреварување ќе биде и составот на Навико Академија ФМП. Од Академија ФМП се одлучија да се испробаат надвор од домашната сцена и тоа во БИБЛ лигата во која ќе земат учество и екипи од Израел, Бугарија, Црна Гора и Косово.
-Позади нас е успешна сезона во која што успеавме да се пласираме во полуфиналето на Купот на Македонија и да избориме пласман помеѓу најдобрите 8 екипи во домашното првенство. Наредната сезона пред нас е поголем предизвик, освен натпреварите од домашната лига и Купот на Македонија, не очекуваат и натпревари на меѓународна сцена кои ќе бидат пред се искуство и предизвик за нашата екипа, -порачаа од Академија ФМП.
Регионалното натпреварување кое ќе биде поделено во две групи со по 6 екипи, треба да започне на 5ти Октомври, по претходно извршена ждрепка која е најавена на 26ти Август во Софија.
-
Шпанијапред 23 часа
Модриќ: Сега цел свет се запозна со нешто што јас го знаев со години
-
Шпанијапред 15 часа
Бензема: Не очекував дека ќе го дочекам ова во Реал
-
Лига на шампионипред 23 часа
Ристовски не се согласува со хрватската јавност по чудниот меч на „Максимир“: Таков е фудбалот
-
Англијапред 22 часа
Поранешен голгетер на Ферги му се нуди на Јунајтед: Би играл гратис за нив
-
Шпанијапред 13 часа
Кеси и Кристенсен можат да ја напуштат Барселона следната недела
-
Шпанијапред 17 часа
Анчелоти исклучи првотимец од тренингот, разочарувањето кај играчот за врска беше големо (Видео)
-
Италијапред 11 часа
Ди Канио го истакна фаворитот за скудетото и објасни зошто не е воодушевен од Лукаку
-
Англијапред 20 часа
Тухел најмногу жали за една промена во клубот: Ми недостасува легендата на Челси