Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Херојско издание на Интер на „Енфилд“, Ливерпул оди во четвртфинале (Видео)

Објавено

на

Екипата на Ливерпул е вториот патник во четвртфиналето во Лигата на шампионите по денешната средба против Интер на „Енфилд“.

Гостите од Италија стигнаа до минимална победа од 1:0, која на крај не беше доволна за пласман во следната фаза поради тоа што Ливерпул го доби првиот натпревар со 2:0.

Стрелец на единствениот погодок на натпреварот беше Лаутаро Мартинез кој на одличен начин го совлада Алисон Бекер кој инаку немаше премногу работа.

„Црвените“ беа подобар противник во текот на целиот натпревар, дури три пати ја затресија рамката на голот на Хандановиќ, но победата на крај ја однесе Интер кој стана првиот тим кој по една година успеал да слави на „Енфилд“.

„Крилјата на Интер“ ги скрати Алексис Санчез кој направи глупост и веднаш по голот на Лаутаро доби црвен картон, по кој Интер не можеше да ја нападне негативата од првиот натпревар.

Сепак, оваа победа нема големо значење за „нероаѕурите“ кои ќе мора да се простат од натпреварувањето оваа сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни