Поврзете се со нас

Германија

Хенес: Леверкузен има три сериозни ривали за Чаби

Објавено

на

Foto:twitter.com/bayer04_en

Ули Хенес е поранешен претседател на Баерн Минхен и важен дел од супервизорскиот борд на Баварците, па тоа секако прави да има важен глас кога се носат најважните одлуки во клубот.

Токму тој беше човекот кој иницираше разделби со Хасан Салихамиџиќ и Оливер Кан по крајот на минатата сезона, а како фудбалски работник кој секогаш е максимално директен и отворен, сега повторно го привлече вниманието со изјавата која ја даде за Чаби Алонсо.

Хенес е убеден дека Баерн ќе донесе вистинска одлука како и обично кога е наследникот на Томас Тухел во прашање, но истовремено призна дека баварците веќе ги контактирале претставниците на шпанскиот стручњак.

Чаби веќе во неколку наврати посочи дека е концетриран само на крајот на сезоната и добро затворање на најважните натпревари со Баер Леверкузен, но Хенес денеска тврди дека „фармацевтите“ ќе имаат навистина тешка задача да го задржат Шпанецот, особено поради тоа што тренерот бил исконтактиран од три великани.

– Леверкузен има три сериозни ривали. Клубови како Ливерпул, Реал Мадрид и Баерн Минхен веќе работат за да го добијат Чаби. Тој покажа дека може да биде тренер за голем проект, а покрај тоа, тешко ќе се најде друг толку квалитетен тренер кој е слободен, – изјавил денеска Хенес.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни