Поврзете се со нас

Англија

Хау за комбинацијата Роналдо и Њукасл: Му посакуваме се најдобро на Кристијано…

Објавено

на

Кристијано Роналдо ќе ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија и тоа во редовите на Ал Наср каде ќе биде најплатен фудбалер на светот.

Португалецот реши да и стави крај на европската приказна и да отвори ново поглавје во Азија кое добро ќе го наплати. Меѓутоа медиумите во исто време излегоа со една интересна вест според која напаѓачот за брзо време би можел да се врати на стариот континент и да игра во натпреварувањето во кое е прв стрелец-тоа е Лигата на шампионите.

Наводно постои клаузула во која напаѓачот на лето може да заврши во Њукасл под услов овој тим да остане на сегашната позиција, односно во Топ 4 во Премиер лигата.

Има клаузула: Роналдо може за брзо време да се врати во ЛШ

Ама по се изгледа нема вистина во тоа, поточно таквата вест, информација ја отфрли тренерот на премиерлигашот, Еди Хау кој порача:

-Му посакуваме се најдобро на Кристијано, но нема вистина во тоа од наша перспектива, -рече Еди пред вечерашниот меч со Арсенал кој заврши без голови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни