Поврзете се со нас

Репрезентација

Хап: Голема чест е што сум Македонец, ќе мораме да „извадиме“ се од нас за добар резултат

Објавено

на

foto: kfsm.mk

Македонија во наредниот период ќе одигра два натпревари во квалификациите за Европското првенство кое е на програмата во 2025 година.

Ривали ќе ни бидат Естонија и Полска, натпревари за кои ќе имаме помош од едно ново име, центарот Итан Хап. Членот на Гран Канарија веќе некое време има македонски пасош, но ова ќе му биде прва можност да ги покаже квалитетите на дело.

-Среќен сум што ова, возбудливо е за сите нас, а особено за мене бидејќи е голема чест што сум Македонец и што ќе играм за Македонија. Ни претстои голема борба против Естонија и Полска и возбуден сум поради она што не очекува. Презадоволен сум од приемот овде, сите се гостопримливи, почнувајќи од претседателот на федерацијата, Перо Антиќ, па до соиграчите во репрезентацијата. Убаво ми е, работиме на хемијата во тимот, имаме само неколку дена, но се обидуваме максимално да ги искористиме, -истакна Хап кој потоа говореше за Естонците кои утре ќе ги пречекаме во СРЦ Кале.

-Естонија има многу талентирана репрезентација. Во минатото, тоа не беше кошаркарска земја, но во моментов има добар тим, со неколку квалитетни евролигашки кошаркари, па ќе мораме да извадиме се од нас за добар резултат

-Имаме големи очекувања како тим, но одиме чекор по чекор и не мислиме на крајниот исход. Фокусирани сме само на Естонија, а потоа ќе размислуваме на следниот противник. Се надевам дека ќе бидеме максимално подготвени до петок, кога играме со Естонија, -вели новиот натурализиран македонски кошаркар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни