Поврзете се со нас

Формула 1

Хамилтон со страшен круг до пол-позиција во Катар, Ред Бул и Ферстапен со големо заостанување

Објавено

на

Луис Хамилтон на неверојатен начин доминираше на трката за Големата награда на Бразил, а шест дена подоцна, демонстрираше страшни перформанси и на квалификациите во Катар.

Трката за Големата награда на Катар за првпат се одржува годинава во Формула 1, па иако петочните тренинзи најавуваа неизвесна битка меѓу Мерцедес и Ред Бул, на крајот не беше така.

Хамилтон извозе брилијантен круг за 1:20.827 и има речиси половина секунда подобро време од она на Макс Ферстапен, што значи дека Холанѓанецот и Ред Бул влегуваат со големо заостанување на утрешната трка.

– Сметам дека ни недостасува ритам во однос на оној кој го има Мерцедес моментално. Денеска беше многу покомплицирано за нас, Чеко не влезе ниту во првите 10, што значи дека се бориме понапорно од што треба, – изјави Макс Ферстапен кој се задоволи само со второто место.

Зад првите двајца, во вториот ред утре ќе бидат Валтери Ботас и Пјер Гасли, а место меѓу првите десет обезбедија Алонсо, Норис, Сајнц, Цунода, Окон и Фетел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни