Поврзете се со нас

Англија

Хамилтон: Принудно навивав за Арсенал, Челси е фудбалски гигант

Објавено

на

Луис Хамилтон посакува да биде дел од групацијата која ќе стане нов сопственик на Челси, а во последната изјава открил што мисли за оваа инвестициска можност, но и фактот што досега беше сметан како фан на Арсенал.

Неговиот голем ривал Макс Ферстапен јавно го постави ова прашање како мала провокација за Британецот, но седумкратниот Формула 1 шампион има интересно објаснување.

– Кога бев мал сакав да бидам како другарите, а сите навиваа за различни клубови. Се сеќавам дека јас постојано го менував омилениот клуб, па во една прилика сестра ми ме убеди дека мора да навивам за Арсенал, па станав фан на Арсенал.

– Но, мојот чичко Тери е голем фан на Челси и со него сум гледал во живо многу натпревари меѓу Челси и Арсенал. Челси е еден од најголемите клубови во светот, кога слушнав за можноста, помислив дека ќе биде фантастично да бидам дел од нешто толку големо.

– Зборував и со Серена Вилијамс, и потврдив дека ќе инвестирам и таа беше среќна да биде дел од приказната, – изјавил Хамилтон.

Ф1 ѕвездата е дел од инвестицискиот конзорциум предводен од Мартин Бротон, кој е еден од трите заинтересирани за купување на Челси.

Ферстапен го „пецна“ Хамилтон за влогот во фудбалски проект: Мислев дека е навивач на Арсенал……

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни