Поврзете се со нас

Формула 1

Ферстапен го „пецна“ Хамилтон за влогот во фудбалски проект: Мислев дека е навивач на Арсенал……

Објавено

на

Угледниот „Скај Спортс“ вчера откри дека Луис Хамилтон вложил 10 милиони фунти во конзорциумот кој ќе достави официјална понуда за купување на Челси, вест која брзо стана актуелна и во мото спортот со оглед на тоа што возачите се стационирани во Италија во пресрет на неделната трка.

Големите Ф1 ѕвезди добија неочекувани прашања кои немаат никаква врска со нивниот спорт, а еден од одговорите кои привлече внимание секако е оној на Макс Ферстапен.

Актуелниот првак не пропушти да го „пецне“ својот голем ривал, чија одлука за инвестиција во Челси ја изненади и фудбалската јавност поради тоа што се прокламира како голем фан на Арсенал.

– Мислев дека Луис е навивач на Арсенал. Интересно е што некој што навива за Арсенал, тргнува да вложи и да учествува во купувањето на Челси.

– Сепак, тоа не е моја работа. Тоа се негови пари и со нив може да прави што сака, – изјави Ферстапен за веста која ја пренесе „Скај Спортс“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни