Поврзете се со нас

Формула 1

Хамилтон: Ова беше тешка сезона, честитки до Макс за титулата

Објавено

на

Луис Хамилтон не успеа да ја продолжи доминацијата во Формула 1, но спортски и достоинствено го прифати поразот и му ја честиташе титулата на Макс Ферстапен.

Возачот на Мерцедес беше на чекор од нов успех во најсилната конкуренција, меѓутоа не го издржа завршниот напад на Ферстапен и на крајот мораше да се задоволи со второто место на трката за ГН на Абу Даби, а со тоа и второто место во генералниот пласман.

-Прво честитки за Макс и неговиот тим. Мислам дека направивме неверојатна работа оваа година, мојот тим, сите во тимот, сите мажи и жени, работевме напорно цела година.

-Ова беше тешка сезона. Горд сум на нив, благодарен што беа со мене на ова патување. Дадовме се од себе, не се откажавме, тоа е најважно. Се чувствував одлично во болидот во изминатите месеци, особено при крајот, -порача Хамилтон кој за крајот испрати порака.

-Сè уште сме во пандемија, внимавајте, на сите им посакувам среќни празници. Се гледаме следната година, -заврши Британецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни