Поврзете се со нас

Формула 1

Хамилтон отворен пред трката во Катар: Ова е една од најлошите земји

Објавено

на

Возачите на Формула 1 овој викенд ќе бидат во Катар каде ќе се вози една од последните трки оваа сезона во најбрзиот мото циркус во светот.

На прес конференцијата која се одржа во текот на денешниот ден, Хамилтон одвои време и без влакна на јазикот говореше за почитувањето на човековите права во Катар.

Според Британецот во Катар воопшто не се почитуваат човековите права, а луѓето се експлоатирани од богатите луѓе кои живеат во оваа земја.

– Свесни сме за проблемите во некои земји во кои доаѓаме, но изгледа дека Катар е една од најлошите земји во овој дел од светот. Спортот мора да преземе улога во подигнувањето на свеста на луѓето за овие проблеми. Човековите права и еднаквите права за сите се многу сериозни теми.

– Ако веќе доаѓаме на вакви места, тогаш мора да бидеме оние кои ќе помогнат. Една личност може да направи мала разлика, но како колектив имаме големо влијание. Дали би сакал повеќе спортисти да зборуваат за овие проблеми? Да секако, -изјави Хамилтон.

Неодамна спортската јавност беше запознаена со експлоатацијата на работниците кои работеа на изградбана стадионите за Светското првенство во Катар, а голем дел од нив дури и починаа на своите работни места. Во таа насока говореше и Хамилтон на денешната прес конференција и веројатно привлече дополнително внимание за проблемите во оваа земја.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни