Поврзете се со нас

Германија

Хаман за случајот Кејн: Ќе биде катастрофа за Баерн…

Објавено

на

foto: twitter.com/HKane

Баерн Минхен одлучи да донесе класа напаѓач во овој преоден рок и максимално се фокусираше на ангажман на англискиот репрезентативец Хари Кејн.

Меѓутоа времето минува, а Баерн засега не успева да дојде до посакуваната цел и покрај јавниот притисок, обидете со изјавите на дел од поранешните, сегашните функционери дека Тотенхем во еден момент ќе попушти и ќе ги прифати понудените пари од бундеслигашот.

„Петлите“ преку претседателот Даниел Леви си имаат свои барања и не попуштаат, па оваа трансфер сага може да се каже дека го одбележа овој преоден рок заедно со случувањата околу Килијан Мбапе и ПСЖ.

Дитмар Хаман е поранешен играч на Баерн, а како таков му даде совет да не си игра со реномето, имиџот и да го исплати она што го бара премиерлигашот.

-Баерн се фокусираше на него во овој преоден рок. Тој кажа дека сака да оди во Минхен. Баварците мора да знаат: ако досега се фокусираа и јавно зборуваа за името на Кејн, мора да ги платат парите што ги сака Тотенхем. Да се разочара играчот е катастрофално во однос на имиџот на јавноста ако не дојде до промена. Баерн требаше да сфати дека Леви е тежок преговарач. Изјавата на Ули Хенес пред неколку недели дека Тотенхем во одреден момент ќе мора да попушти дефинитивно не беше од помош. Можеби Хенес ја потцени целата работа и мислеше дека играчот Кејн ќе направи поголем притисок врз Тотенхем.

-Кејн можеби не вршеше притисок врз Тотенхем, туку кон Баерн со својот јавен ултиматум да не си оди по неговиот прв настап во Премиер лигата. Целата сага не е фер кон играчот. Тој е посветен на клубот и им кажа на навивачите дека сака да оди во Минхен. Ако јас како Баерн се согласам со капитенот на англиската репрезентација, тогаш морам да поминам низ тоа и да платам што сака Леви, -заклучи Диди за „Скај Германија“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни