Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Халанд и голманот на Севилја понудија неспортска сцена во ЛШ: Ова е фудбалска карма (Видео)

Објавено

на

Стартот на второто полувреме на натпреварот меѓу Борусија Дортмунд и Севилја ни донесе неверојатна ВАР драма, но и една навистина неспортска сцена која ја изрежираа гостинскиот голман и најдобриот играч на домаќините.

Во целото ВАР лудило, Чакир најпрво му поништи гол на Халанд и го принуди да изведе удар од 11 метри како „утешна награда“, но младиот Норвежанец не го реализираше истиот, или поточно голманот Боно му го одбрани ударот. Мароканскиот чувар на мрежата бурно реагираше и славеше во лицето на младиот напаѓач, но неговата радост навистина кратко траеше.

Повторената снимка покажа дека голманот на Севилја за „влакно“ ја напушти гол линијата и пеналот одново беше изведен, или поточно, Халанд доби втора шанса за гол. Откако реализираше, младиот голгетер не остана должен и му возврати со иста мера на својот противник од шпанскиот состав.

– Нивниот голман не беше на линијата, ако беше на линијата, ќе му дадев гол уште во првиот обид. Вториот пат, тој беше регуларно позициониран и немаше шанси да ја фати топката. Ова е фудбалска карма.

– Не реализирав и Боно ми се смееше во лице. Добив втора шанса, повторно шутирав и дадов гол, но овојпат не се потсмеваше. Кога ми викаше во лице при првиот пенал, си помислив дека едвај чекам да дадам нов гол. Испадна генијално за мене што беше повторен пеналот, – порача Халанд по ремито од 2:2 и пласманот на Борусија во четвртфиналето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни