Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола за критиките: Не сме имале успех? Тоа е срање

Објавено

на

Манчестер Сити го доби дуелот со Тотенхем во рамките на Премиер лигата и тоа откако во вториот дел направи пресврт, даде четири гола за конечни на крајот 4-2.

Со ова „граѓаните“ покажаа карактер, квалитет, упорност, меѓутоа во исто време одново се појави одредени недостатоци кои мора да се поправат ако сакаат да биде шампиони во Англија и секако да пробаат да го нападнат трофејот во Лигата на шампионите.

Менаџерот Пеп Гвардиола испрати критики до играчите и навивачите, меѓутоа не му де допаѓа тоа што се обидуваат да го намалат успехот, резултатите на екипата во последниве години.

Гвардиола распали по играчите и навивачите на Сити по лудата победа над Тотенхем: Ни недостасуваат три важни нешта

-Луѓето велат дека не сме имале успех затоа што не сме ја освоиле Лигата на шампионите-тоа е срање. Многу освоивме. Две последователните пехари во ПЛ, начинот на кој играме против овој Ливерпул. Каков успех, -истакна Шпанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни