Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Гвардиола образложи зошто ги извадил Халанд и Кансело уште на полувреме

Објавено

на

Манчестер Сити пропушти шанса да ја победи Борусија во второто полувреме, бидејќи нереализираниот пенал од Ријад Марез беше најдобрата прилика која ја имаа „граѓаните“ да стигнат до победа.

Во остуство на Ерлинг Халанд, Марез ја презема одговорноста и беше прочитан од страна на голманот на Дортмунд, па само уште еднаш се докажа дека Ријад е доста несигурен пеналџија и едноставно никогаш не треба да се става облог на него.

Пеп Гвардиола по мечот кој заврши 0:0 беше запрашан дали Марез е втор избор за пеналџија на тимот после Халанд, па иако не даде конкретен одговор, реши да образложи зошто ги извадил Ерлинг и Кансело уште по 45 минути игра во Германија.

– Халанд имаше температура пред натпреварот и доби мал оток во пределот на грлото за време на натпреварот. Увидов дека е многу изморен и решв да реагирам.

– Истото важи и за Жоао Кансело, и тој не се чувствуваше добро пред натпреварот и моравме да ги промениме. Нема потреба да ги тераме играчите да играат во такви услови, кога има други играчи кои се подготвени да одговорат на теренот, – изјави Пеп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни