Поврзете се со нас

Германија

Гути: Ако Реал ова лето не го донесе Халанд, тогаш…

Објавено

на

Шпанскиот прволигаш Реал Мадрид ќе го обнови составот во текот на летниот преоден рок, а Флорентино Перез и неговите соработници сакаат да донесат неколку фудбалски „ѕверки“.

Секако приоритет е Килијан Мбапе за кого медиумите веќе подолго време пишуваат дека се е веќе договорено, но тоа не е единствената голема цел затоа што најтрофејниот европски клуб го сака и Ерлинг Халанд.

Меѓутоа за разлика од Мбапе кој би пристигнал како слободен играч за Халанд ќе мора да се издвои „солена сума“ која ќе ја поделат Борусија Дортмунд, агентот и самиот напаѓач. За многумина е чудно што Реал го брка Норвежанецот во ситуација во која го има извонредниот Карим Бензема без разлика на неговата возраст, ама за легендата на клубот Гути тоа воопшто не е изненадување.

-Мбапе инспирира ентузијазам кај сите нас, не само во Реал Мадрид. Многу е важно за Ла Лига да дојде. И ако Халанд може да дојде, толку подобро. Ако сега не го договорат, никогаш нема да потпишат со него. Затоа што тогаш тој ќе замине во друг голем клуб и ќе биде тешко да се потпише со него, -рече Гути и додаде:

-Бензема е одличен, но погледнете колку години има. Се надевам дека ќе може да издржи подолго, но тој е на негова возраст и ако можете да го поштедите на натпреварите и наместо него да го користите Халанд, многу подобро, -порача Шпанецот за „Ел Чирингито“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни