Поврзете се со нас

Англија

Гулит за ѕвездата на Челси: Тој одлично би се вклопил во Барселона

Објавено

на

Челси е една од најактивните екипи во овој преоден рок и според најавите се очекува да комплетира уште некоја зделка, да биде ангажиран уште некој играч, а тоа пак може да повлече некое заминување.

Многу работи можат да се случат до крајот на овој преоден рок, па така легендарниот Руд Гулит кој своевремено беше играч, но и тренер на „сините“ има еден совет до Хаким Зијеш кој има турбулетна сезона во дресот на составот од „Стемфорд Бриџ“.

Зијеш имаше одлични настапи за Мароко на СП и откако се врати игра почесто за Челси, ама не е редовно стартер и останува знак прашање дали воопшто би ја имал минутажата ако ја нема „болницата“ во редовите на премиерлигашот.

Според Гулит најдобро за Мароканецот е да си замине притоа препорачувајќу му ја Шпанија за следна дестинација и тоа пред се Барселона.

-Начинот на кој Зијеш игра за Мароко, никогаш не сум го видел да игра за Челси. Не е само тој. Мислам дека Челси го става на позиции кои на моменти не му одговараат. Треба само да игра на таа десна страна. Се прашувам. Мислам дека ќе си дојде на своето во Шпанија, мислам. Имам впечаток дека никогаш не го достигна нивото на Ајакс во Англија. Би сакал да го видам во Шпанија. Може да го достигне врвот. Тој исто така добро би се вклопил во тимот на Барселона, -порача Гулит.

Офанзивецот има активен договор до 2025 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни