Поврзете се со нас

Англија

Гринвуд си ја купи слободата, но останува во крајно незавидна ситуација

Објавено

на

Мејсон Гринвуд е еден од најголемите таленти кои излегоа од академијата на Манчестер Јунајтед, но во изминатите неколку дена, надежниот напаѓач се најде во центарот на вниманието поради скандалозни обвинувања поради кои дополнително ќе биде гонет од судот.

Манчестер Јунајтед го суспендираше младиот фудбалер и најави дека нема да има дозвола да се врати на тренинзите се додека не се разреши целиот случај, според кој Гринвуд е обвинет за силување и принуда за секс, како и сексуален напад и закани за смрт.

Младата англиска ѕвезда која стигна и до репрезентацијата се претвори во топ тема и мина три дена во притвор, по што ова попладне бил пуштен откако си ја купил слободата.

Портпаролот на полицијата во Манчестер пренесе дека 20-годишниот фудбалер платил кауција за да излезе на слобода, но јасно е дека неговата фудбалска кариера сега е неизвесна и се очекува овој случај да има сериозни последици кон иднината во Јунајтед.

Дури и во моменти кога се собираат сите докази, соиграчите и спонзорите му го свртеа грбот на Гринвуд, кој остана без поддршката од колегите и без својот главен спонзор „Најк“.

Со платената кауција, Гринвуд се изборил да не остане подолго во притвор, но останува и натаму првоосомичен и не смее да ја напушти земјата додека не се реши целиот скандал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни