Поврзете се со нас

Балкан

Голманот на Рома го одби повикот од Пикси: Веќе нема да настапува за Србија

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialASRoma

Драган Стојковиќ има таканаречени „слатки маки“ кога е голманската позиција во прашање, но од денеска има еден избор помалку, откако чуварот на мрежата на Рома реши самиот да се прецрта и веќе да не конкурира за селекцијата на Србија.

Миле Свилар се претвори во прв голман на Рома по доаѓањето на Де Роси и со две раце ја зграби шансата, а неговите импресивни изданија го натераа Пикси да го повика за мартовските предизвици кои ќе ги има српската репрезентација.

Сепак, одговорот кој пристигнал од Рим бил негативен и Свилар посочил дека веќе нема да настапува за Србија, од едноставна причина што гледа преголема конкуренција за едно исто место.

Пикси го повика Свилар за пријателските со Русија и Кипар, но младиот чувар на мрежата смета дека залудно е да се бори за првото место, особено кога досега предност имаа Милинковиќ Савиќ, Предраг Рајковиќ и Ѓорѓе Петровиќ.

Сите угледни српски медиуми ја пренесоа конечната одлука која ја донел Свилар, кој поради своето белгиско потекло, сега има цел да стане прв или втор голман на „црвените ѓаволи“.

Белгија ќе биде на Европското првенство без Тибо Куртоа кој имаше тешка повреда оваа сезона, па Свилар гледа добра шанса да се наметне во овој национален тим, уште повеќе во ситуација кога е желен за докажување на свои 24 години.

Свилар досега собра еден настап за Србија, а поради променетите правила од страна на ФИФА во 2020-та година, секој фудбалер има право да ја промени репрезентацијата доколку има одиграно помалку од три официјални меча.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни