Поврзете се со нас

Англија

Голманот на Њукасл со страшна одбрана ја продолжи неверојатната серија: 13 часа нема примено гол! (Видео)

Објавено

на

Ник Поуп нема примено гол на точно 810 минути, или повеќе од 13 часа на официјални фудбалски натпревари, што само кажува во каква форма е голманот на Њукасл.

Популарните „страчки“ ова попладне беа поблиску до победа на „Селхрст парк“ на натпреварот кој заврши 0:0, но Поуп имаше една брилијантна реакција со која не дозволи шок за фаворизираниот тим.

Голманот на Њукасл одново успеа да ја сочува својата мрежа и не знае да примен гол точно 13 и пол часа, но начинот на кој одбрани еден удар на Матета доволно говори за тоа дека е во животна форма.

Поуп одбрани „бомба“ од непосредна близина и го неутрализираше единствениот удар кон неговиот гол, а оваа негова реакција сигурно ќе биде кандидат за интервенција на месецот во Премиер лигата.

Голманот на Њукасл девет меча во низа ја нема извадено топкта од својата мрежа, па така последниот гол кој го има примено датира од мечот со Саумтемптон кој се одигра на 6-ти ноември минатата година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни