Поврзете се со нас

Мото ГП

Голема трагедија на Херез: Берта Вињалес го загуби животот во ужасен инцидент (Видео)

Објавено

на

Шпанскиот пилот Деан Берта Вињалес ова попладне трагично го загубил животот на познатата патека Херез, откако во немил инцидент удрил со главата во асфалтот и си нанел сериозни повреди кои се покажале како кобни.

Петнаесетгодишниот возач експресно бил пренесен во амбулантно возило, но тешките повреди на главата и тораксот предизвикале брза смрт и истата била потврдена од официајлните лица во 15:11 часот.

Ужасните сцени се случиле на Мото трката во младинска категорија Суперспорт 300, а загубата на младиот живот ги трогна и сите возачи во Мото ГП, бидејќи станува збор за помлад братучед на Маверик Вињалес.

Поради големата трагедија, на Херез денеска не се возеа останатите закажани трки, вклучувајќи ја и онаа во Супербајк која беше предвидена за подоцна попладне.

За младиот Деан Берта, ова била дебитантска сезона во Суперспорт 300 класата, а за жал истата се покажа како последно скалио во неговиот краток живот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни