Поврзете се со нас

Македонија

Глишиќ погоди директно од корнер и го реши големото дерби со Работнички (Видео)

Објавено

на

Вардар им се врати на победите во Првата македонска фудбалска лига и полека бега од дното на табелата, па сега е се поблиску и до местата кои носат сигурен опстанок во елитата.

Во големото градско дерби кое денеска се одигра во Маџари, како пресуден се покажа моментот од 10-та минута во второто полувреме, кога капитенот на Вардар погоди директно од корнер.

Левиот бек Глишиќ испрати центаршут и топката доби посакувана ротација откако тапна на земјата, па така голманот Алексовски и играчите на Работнички не можеа да направат ништо.

Овој погодок се покажа како одлучувачки за минимална победа од 1:0 во градската пресметка, по кој Вардар е на 10-то место со 24 освоени бода, само еден помалку од Воска која денеска ремизираше со Гостивар (1:1).

На останатите натпревари, Струга се врати на врвот со триумф над Македонија Ѓорче Петров од 1:0, додека Шкупи забележа трето реми по ред, денеска против Брегалница (0:0).

Победа не оствари ниту Шкендија која одигра 0:0 со Брера Струмица, додека победа на домашен терен оствари Тиквеш над Силекс со резултат 1:0.

Голот на Глишиќ погледнете го ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни