Поврзете се со нас

Лига Европа

Гласајте за репрезентативецот: Мајсторијата на Барди во конкуренција за најубав гол во ЛЕ (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Енис Барди постигна атрактивен гол од слободен удар во убедливата победа на Трабзонспор над Монако во Лига Европа.

Турскиот претставник славеше со 4-0, а Барди беше автор на третиот погодок на мечот при кој фантастично се намести и мајсторски ја смести топката во мрежата на гостите од кнежеството.

Ова ремек дело на Енис е номинирано за гол на 4. коло во ЛЕ, односно и вие можете да му помогнете да ја победи конкуренцијата со гласот кој можете ОВДЕ да го дадете.

Конкуренција на фудбалерот на Трабзонспор се Сорлот од Реал Сосиедад, Верман од ПСВ и Мартинез од Митјилјанд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни