ВТА
Ѓорческа со пресврт до победа против тенисерката која е во топ форма во оваа година

Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа избори место во четвртфиналето на ИТФ фјучерсот што се игра на земјена подлога во Анталија (Турција) за награден фонд од 25.000 долари.
Лина е трет носител на турнирот, но денеска имаше навистина сериозен противник, тест против ривал кој бележи одлични резултати во оваа календарска година. Македонката на другата страна ја имаше Амариса Киара Тот од Унгарија, тенисерка која пред овој турнир славеше на друг фјучерс, односно во оваа 2024 година до пред овој меч имаше претрпено само еден пораз.
Интересна беше битката меѓу Ѓорческа и Киара Тот, првата „рунда“ и припадна на Унгарката со 6-4, но во наредните два сета тетовката возврати на исти начин и обезбеди пласман во наредната фаза.
Тара Вурт од Хрватка е нареден противник за најквалитетниот македонски рекет, ривал од кого Ѓорческа доживеа порази во 2022 и 2023 година.
-
НБА17 часа
„Кралот“ во елемент: Леброн даде три тројки за 48 секунди и ја запали публиката во Лос Анџелес (ВИДЕО)
-
Франција12 часа
Магичен дебитански гол на Кварацхелија, ПСЖ со лекција за Монако (ВИДЕО)
-
Балкан22 часа
Далиќ одбил понуда со која ќе станел најплатен селектор во светот
-
Англија13 часа
Мегваер погоди во „последен час“, Јунајтед со пресврт до осминафиналето во ФА Купот (ВИДЕО)
-
Формула 123 часа
Откриени платите на Ф1 возачите: Две ѕвезди се далеку пред останатите ривали
-
НБА19 часа
Баркли, О’Нил и Смит ги избраа Ол-стар тимовите: Јокиќ, Јанис и Шеј во ист тим
-
Франција14 часа
„Светците“ со потег за кој ќе се зборува: Седум нови потписи во ПСЖ за еден еден (ВИДЕО)
-
Италија17 часа
Елмас го послушал Пандев: Ми кажа веднаш да потпишам за Торино