Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа надиграна од тинејџерка од Филипини на турнирот во Трнава

Објавено

на

Лина Ѓорческа го заврши настапот на ИТФ фјучерсот во Трнава и тоа во второто коло во кое беше поразена од 18-годишната Александра Еала од Филипини.

Еала која е на 180. место на ВТА листата вчера ја изненади втората носителка Ана Бондар, додека пак денеска ја надигра нашата Лина со 2-0 во сетови.

Еден ипол час траеше борбата на теренот број два, па така првиот сет заврши со 6-4, а вториот со 6-2. Ѓорческа имаше само две шанси за брејк на мечот (0/2), додека пак нејзината противнички четири пати се најде во таква ситуација, три од нив ги искористи што се покажа како доволно за да оствари триумф и го продолжи својот пат на турнирот што се игра на тврда подлога за награден фонд од 40.000 долари.

Македонската тенисерка ќе освои шест поени за резултатот на овој фјучерс.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни