Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа ја реши Радвањска на турнирот во Трнава

Објавено

на

Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа имаше успешен старт на силниот фјучерс кој се игра во Трнава (Словачка) за награден фонд од 40.000 долари.

Ѓорческа за ривалка во првата рунда ја имаше некогашната 29. тенисерка на светот, Уршула Радвањска која е помлада сестра на Агњешка Радвањска која своевремено беше прв самиот врв на женскиот тенис.

Лина беше доминатна на соочувањето во Трнава каде за 1 час и 15 минути игра славеше со 6-3 и 6-2.

Нареден протиник ќе и биде тинејџерката Александра Еала од Филипините која направи големо изненадување и ја елиминираше втората носителка, Ана Бондар со 6-3 и 6-1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни