Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа изненадена на турнирот во Анталија

Објавено

на

foto:www.facebook.com/laville.at

Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа претрпе изненадувачки пораз во првото коло на ИТФ фјучерсот во Анталија што се игра на земја за награден фонд од 25.000 долари.

Ѓорческа како трет носител ја имаше улогата на фаворит во дуелот со Александра Шубладзе, улога која не ја оправда и загуби со 2-0 во сетови. Лина немаше свој ден и во двата сета освои само пет гејма (6-2, 6-3) против младата Русинка која е дури 354 послабо рангирана на ВТА листата.

Тетовката имаше катастрофална реализација на брејк шансите, искористи 3 од 16 (19 проценти), додека на другата страна Шубладзе беше на нивото кога беше најпотребна и со 6 од 9 (брејк топки) си го отвори патот до голема победа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни