Поврзете се со нас

АТП

Ѓорческа и Стоилковска напредуваа на ВТА листата, пад на Ивановски на АТП ранкингот

Објавено

на

Македонските тенисерки, Лина Ѓорческа и Магдалена Стоилковска напредуваат на најновата ВТА ранг листа.

Ѓорческа отиде напред три позиции (239 на светот со 312 бодови), додека пак скокот на Стоилковска е пет места (1211 со 9 поени). Во конкуренција на двојки Лина е рангирана на 373.то место што значи  една позиција подобар ранг од претходната седмица.

Кога пак се во прашање нашите тенисери, сите тројца кои имаат ранкинг забележаа минус од четири места, па така Калин Ивановски е 345, Горазд Србљак 1069, додека Обрад Марковски е на 1609 на светот.

Во дубл конкуренцијата,  Ивановски нема промени и е 679. со 71 поени. Берг Бугариќ е рангиран на 1353. позиција со 16 поени (пад за три места), Обрад Марковски е на 1864-ти со 5 поени (скок за две места), пак Елдин Хусеиновиќ е 2134 со три поени (пад за шест позиции).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни