Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ за најслатката победа против Швајцарецот: Федерер беше убедливо подобар во секој сегмент, но…

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ оствари многу големи победи во својата кариера и продолжува да доминира во тенисот и во доцната фаза како 36-годишен ветеран, но самиот признава дека еден од најслатките триумфи му е оној над Рожер Федерер во 2019-та година.

Швајцарскиот тенисер беше подобар во сите тениски параметри и не искористи две меч топки во дуелот кој заврши со супер-тајбрејк, а кој на крајот му припадна на Србинот со 13:12 во одлучувачкиот сет.

Светскиот рекет број еден не можеме да ја избегне оваа тема во едночасовното интервју кое го направи за „Си-Би-Ес“, во кое нагласи дека победил само поради тоа што играл подобро кога било најважно.

– Многу добро се сеќавам на тој меч. Победив 13:12 во последниот петти сет. Јас сите три сета ги добивав во тајбрејкови и ако се погледне целокупната статистика, Федерер беше убедливо подобар тенисер во секој сегмент.

– Сепак, јас бев тој што победи. Со тоа всушност докажав дека може да победите на меч на кој играте најдобро само во најважните моменти, тоа беше илустрација дека со темпирање на нивото може да стигнете до победа, – изјави Ѓоковиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни