Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ за „играта“ на Надал: На почетокот не сфатив дека сето тоа е дел од сценарио…

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ многупати има изјавено дека Рафаел Надал е негов најголем ривал во кариерата, противник со кого се има соочено на 59 официјални натпревари и води со 30:29 во меѓусебните дуели.

Овој податок јасно говори какви битки имаат водено Србинот и Шпанецот низ годините, а секоја тениски фан дефинитивно сака да види уште некоја ако тоа може да се случи во 2024 година.

Ѓоковиќ растеше, напредуваше со годините, па во интервјуто за „Си-Би-Ес“ откри како на почетокот се плашел од Рафа, но и од неговите потези, рутина која ја имал која според него вила дел од сценариото на шпанскиот ас.

-Играм против Надал на Ролан Гарос, мојата соблекувална е покрја неговата, блиску сме, нели? Се трудиме да си дадеме простор, но не е голема. И го слушам како скока како пред почетокот на секој натпревар. Во соблекувалната до вашата го слушате како прави кратки спринтови. Дури и музиката што ја слуша ја слушам во моите слушалки. Па, знаете, тоа ме нервира. На почетокот на кариерата не сфатив дека сето тоа е дел од сценариото, нели? Па се плашев од тоа. Но, тоа исто така ме мотивира да ги правам работите сам и да покажам дека сум подготвен, знаеш? Подготвен сум за битка, за војна, -истакна Ѓоковиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни