Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ по неочекуваниот пораз: Ужасно се чувствувам…

Објавено

на

foto: https://monacolife.net/

Новак Ѓоковиќ беше изненаден во осминафиналето на Мастерсот во Монте Карло каде претрпе пораз од Лоренцо Музети со 2-1 во сетови.

Во интересен меч кој донесе голема борба, надмудрувања, Италијанецот подобро се снајде и со 4:6, 7:5, 6:4 дојде до голем триумф со кој закажа четвртфинале со сонародникот Јаник Синер,

Од друга страна пак Ѓоковиќ беше многу разочаран и не беше воопшто расположен да зборува по загубениот меч во Монако.

-Чувството е ужасно по овој натпревар, но честитки до мојот противник. Тој остана цврст во одлучувачки моменти и тоа е тоа, тоа е сè што морам да кажам. Нека му е со среќа.

-Мислам дека ова не е катастрофално, но се чувствувам лошо во моментов затоа што го изгубив натпреварот. Тоа е се. Честитки до мојот противник. Ова не е одличен ден за мене, така што не сум многу расположена да разговарам, -порача Ноле.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни