Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ не беше запознаен со правилото во Рим, па ги насмеа судијата и коментаторот (Видео)

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ фуриозно ја мина првата пречка на Мастерсот во Рим, турнир на кој потребно му беше да одигра еден сет за да сфати едно правило.

Иако се игра на земја, оваа сезона добар дел од турнирите го имаа системот „соколово око“, па Ѓоковиќ се изненади на крајот од првиот сет кога судијата се симна од своето столче за да провери една одлука на линискиот судија.

Ноле ги воодушеви фановите во Рим со еден поен на крајот од првиот сет со Карацев, но го насмеа и коментаторот откако стана јасно дека не знае дека не постои барање челинџ на овој турнир.

Србинот го доби првиот сет со 6:3, во вториот беше уште поуверлив и славеше со 6:2, па брзо се чекираше во осминафиналето на турнирот во италијанската престолнина.

Во следната рунда, противник на светскиот рекет број еден ќе биде подобриот од дуелот Ласло Ѓере – Станислас Вавринка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни