Поврзете се со нас

Светски првенства

Георгиевски: Не е само еден проблем, не испочитувавме ниту десет проценти од договореното

Објавено

на

За „Дерби“ од Краков,
Ристе Влахов

Гоце Георгиевски беше еден од играчите кои застанаа во „микс-зоната“ во Краков за да дадат изјава пред македонските новинари, а како еден од поискусните, имаше забелешки за повеќе фази од играта на нашиот тим.

Поразот од Аргентина и официјално не остави без пласман во главната фаза на ракометниот мундијал, па сега ќе следи разигрување во Президент Купот во кое ќе играме со далеку послаби ривали од овие во групната фаза.

Трите порази од Норвешка, Холандија и Аргентина се сериозен удар после добрите квалификации кои ги имавме за ова Светско првенство, но и покрај разочарувањето, Георгиевски верува дека овој тим ќе се издигне и ќе се врати на вистинскиот пат.

– Не е само еден проблем, има повеќе проблеми кои не следат. Онаа игра што ја имавме и во квалификациите и пред ова Светско првенство, не ја повторивме. Не испочитувавме ниту 10 проценти од тоа што се договоривме и што го игравме.

– Имавме проблеми во напад, во одбрана. Недоволна концентрација, недоволна комуникација, во одбрана не си помагаме еден на друг. Тоа се фактори кои влијаат за вакви резултати, бидејќи големи противници тешко ви дозволуваат да се надигрувате.

– Јас и натаму верувам во овој тим, имавме добри натпревари во квалификациите како тим. Ова е голем удар за нас, но не останува ништо освен да ги издигнеме главите и да се пласираме на следното Светско првенство, – изјави искусното крило.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни