Поврзете се со нас

НБА

Генијалниот Јокиќ постави неколку рекорди на своето деби во големото НБА финале (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/nuggets

Денвер важи за голем фаворит за освојување на НБА титулата после сето она што го прикажа во плејофот, а според најавите на букмејкерите тргна и големото финале кое беше отоврено рано утрово.

Нагетси „нагазија“ од самиот старт и не му дадоа никаква шанса на Мајами во првите две четвртини, кои се покажаа како клучни за остварување на лесна и сигурна победа од 104:93.

Домашниот тим стигна до плус 20 поени во третата четвртина и беше јасно дека победата останува во Денвер, па во четвртиот период имаше опуштање и Мајами на крајот се погрижи за подостоен пораз.

Очекувано, човек број еден на паркетот беше генијалниот Никола Јокиќ, кој игра без никаков притисок цела натпреварувачка сезона, па дури и во дебито во едно големо НБА Финале.

„Џокерот“ урна неколку рекорди во НБА финалињата и покажа зошто е најдобар играч во светот во овој момент, а прокнижениот трипл-дабл од 27 поени, 10 скокови и 14 асистенции беше доволен за одбележување на неколку интересни факти:

– Четиринаесете асистенции на Јокиќ во првиот меч се најмогу асистенции од еден центар во историјата на НБА лигата.

– Јокиќ стана само втор играч во историјата на НБА лигата кој дебитирал во финале со трипл-дабл учинок. Прв кој го направил тоа е Џејсон Кид.

– Јокиќ и Леброн Џејмс се единствените играч во последните 25 години кои на полувреме во едно финале имале над 10 поени и над 10 асистенции.

– Само три играчи во НБА историјата забележале над 450 поени, 200 скокови и 150 асистенции за време на плејофот. После Лери Брд и Леброн Џејмс, во тоа одбрано друштво сега е и Јокиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни