Поврзете се со нас

Англија

Газдата на Кристал Палас јавно се пожали за пресвртот на Сити: Тешко е да се сфати ова….. (Видео)

Објавено

на

Кристал Палас одигра извонредно прво полувреме на „Итихад“ и сериозно го предизвика актуелниот англиски шампион, кој во вториот дел одговори онака како што му доликува, правејќи целосен пресврт.

Тимот на Патрик Виера поведе со 0:2 и беше поништен еден гол за 0:3 по пренаивен потег на Едерсон, кој сепак не ги чинеше премногу скапи „граѓаните“ поради одлуката на судијата.

Според Стив Париш, ова не е единствениот спорен момент од овој меч, бидејќи подоцна никаква опомена не доби ниту Ерлинг Халанд откако заби крампони во главата на Андерсен.

– Фер е да се каже дека Манчестер Сити играше добро во второто полувреме и честитки до нив, но двете најважни одлуки беа против нас.

– Тешко е да се сфати како овој гол беше поништен, топката беше исфрлена од раката на голманот во дирекцијата која тој сакаше…..

Газдата на Кристал Палас се пожали и за опасниот потег на Халанд:

– Ова е вториот момент, не доби ниту жолт картон. Немаше ниту проверка од ВАР како што ми беше кажано, – се жали Париш.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни