Поврзете се со нас

Франција

Гаспарт: Ако Меси избере со срце…

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_inside

Лионел Меси треба да го реши најважното прашање во наредниов период, а тоа е за кој клуб ќе игра во наредната сезона.

Тој е под договор со ПСЖ до месец јуни и според медиумите е на излезна врата од „Паркот на принцовите“. Аргентинецот се поврзува со можна преселба во Саудиска Арабија, МЛС лигата, но најмногу се говори за негов кам-бек во редовите на Барселона.

Каталонците мора да направат доста финансиски потези за да го овозможат доаѓањето на Меси, меѓутоа се спремни истите да ги направат, создадат терен за враќање на Лео во клубот во кој израсна, испиша историја, ги освои сите можни трофеи, едноставно стана легенда, најголема икона на шпанскиот великан.

Многу навивачи на Барселона се надевата дека Меси ќе се врати во клубот, а во таа група е и некогашниот претседател, Жоан Гаспарт.

-Ако одлучи врз основа на економски причини, тој сигурно ќе има подобри понуди, но ако го направи тоа со своето срце, нема место во светот што го сака повеќе од Барселона, -рече Гаспарт кој ги искоментира скандирањата на навивачите на дербито со Реал Мадрид.

-Тоа е уште една демонстрација на луѓето. Во Париз тие го исвиркуваат. Тука ние го сакаме. Идејата е дека тој може да ја заврши својата кариера овде и да остане во клубот до крајот на животот. Ова нема никаква врска со парите. Клубот не е во најдобар момент, но сега тој има многу опции, -порача Гаспарт за „Марка“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни