Поврзете се со нас

Италија

Фреј се пожали за грабеж во Фиренца, легенда на Интер му порача: Оди да плачеш во црква! (Фото)

Објавено

на

Големото дерби меѓу Фиорентина и Интер ќе остане запаметено како најлудото и најнеизвесното во првиот дел од сезоната во Серија А, бидејќи измранетиот натпревар со многу шанси ни донесе дури седум гола, од кои оној последниот беше постигнат во 95-та минута.

Мхитаријан со огромна доза на среќа постигна бизарен гол за 3:4 и голема победа на Интер, која од една страна предизвика ерупција од радост во Милано, а од друга огромна тага во Фиренца.

Навивачите на Фиорентина мораа да се помират со пораз на своите миленици и покрај тоа што двапати се враќаа од негатива, но посебно бесни се поради двете контроверзни одлуки кои завршија во корист на противникот. Најпрво не беше досуден чист црвен картон за ДиМарко по остар старт за пенал, а фановите на Фиорентина се уверени дека имало и прекршок од Џеко во акцијата која заврши со гол за 3:4.

– Интер победи поради тоа што веруваше до крај, но… Јас отсекогаш сум бил ЗА ВАР затоа што верувам дека може да им олесни и да им помогне на сите…

– Сепак, ако се користи вака (или не се користи), можеби треба да го преиспитам мојот начин на размислување (за жал), – се пожали Себастијан Фреј, легендарниот голман на Фиорентина, кој брзо доби одговори од Иван Заморано и Марко Матераци.

– Себа, оди и плачи во црква. Форца Интер, – во свој стил му порача Иван Заморано, додека Матераци беше подипломатски настроен.

– Себа, немој да зборуваш глупости!!!!

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни