Поврзете се со нас

Формула 1

Ферстапен ризикуваше и ја доби првата битка со Леклер на Имола (Видео)

Објавено

на

Макс Ферстапен беше најбрз на вчерашните квалификации, а денеска славеше и на првата спринт трка во новата натпреварувачка сезона во Формула 1.

Актуелниот шампион го загуби првото место пред првиот свиок од Шарл Леклер поради лошиот старт, но сепак чекаше за завршен удар пред финишот и се избори за посакувана ситуација.

Иако на средина на спинт трката се чинеше дека Холанѓанецот се задоволи со второто место, сепак излезе дека болидот на Ферари побрзо ги троши меките гуми, па така Макс тргна во комплетна офанзива и го престигна Леклер со еден ризичен потег.

Ферстапен го престигна Леклер од надворешна страна на еден круг пред крајот, а потоа лесно ја одржа предноста и оствари победа на спринт трката во Италија.

Ферстапен освои осум бода и си обезбеди прво стартно место за утрешната трка, на која Леклер ќе биде втор, Перез трет, а Саинц кој направи пресврт ќе стартува четврт. Меѓу првите десет се уште Норис, Рикиардо, Ботас, Магнусен, Алонсо и Шумахер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни